Храна

Ако го посетите Осогово, нема да си заминете гладни. Кратово, Ранковце и Крива Паланка нудат вкусни специјалитети што ќе ве натераат да дојдете повторно овде само за да ручате во некој од ресораните во овој регион. Осоговската кујна е богата со многу специјалитети – солени и слатки. Оваа разновидност се должи на климата – се јадат различни специјалитети в зима и во лето. Некои од најпознатите се: зелник од Ранковце, Кратовска пастрамајка, Кривопаланечки симит, итн.

Турлитава – многу вкусна тава со месо и многу зеленчук . Името потекнува од турското„ türlü“ што значи мешан зеленчук.

Зелник – пита со зелено полнење – традционална за Македонија, но се разликува од еден до друг регион.

Пивтии – порција подготвена од нозе или глава на свиња – традиционално се подготвува за христијанскиот празник Водици.

Баница – многу вкусен специјалитет направен од тесто и сирење или некое друго полнење.

Кратовска пастрамајка – пита направена со сецкано суво свинско или овчо месо. Овој специјалитет е традиционален само за Кратово. Има уникатен вкус и овој специјалитет треба да е на вашата листа што мора да пробате во овој регион

Арм’к (раванија) (Кратово) – сладок специјалитет што може да го пробате во некој од рестораните што служат традиционална кратовска храна.

К’цана сол – К’цаната сол е зачин што го подготвуваат некои кратовски семејства. Тие користат многу билки за да го подготват овој вкусен зачин. Најдобро е да се конзумира со топол домашен леб.

Мантии – специјално тесто со кисело млеко зачинето со лук.

Симит – уникатна ролна со интересен вкус направен од специјално брашно од леблебија. Ова само може да го пробате во Крива Паланка.