Откриј го Осогово

Ако некогаш сте помислиле да ја откриете Македонија на поинаков начин, да и го видите лицето и да проникнете во нејзината душа, време е да го посетите осоговскиот регион! Притоа, не дозволувајте оваа средба, оваа авантура да ја направите во трк.

При оваа посета застанете, размислете, земете здив и соочете се со исконот на пределот, неговите приказни и легенди, видете ги ѕвездите одблиску, сретнете се со духот на предците, со мистиката и хероизмот на луѓето од овие предели и пробајте ги вкусовите на регионот. Наслушнете го времето кое надоаѓа кое е во нераскинлива врска со традицијата на предците од овие места.

Тука сегашноста е само еден мост кој ги спојува времето минато и времето идно. Застанете на него и погледнете наоколу.

ДОЈДЕТЕ ВО ОСОГОВО!

ПОСЕТИ ГО ОСОГОВО!

Горди сме да ве поканиме на активен одмор во Осогово. Дојдете да ја доживеете авантуристичката страна на Осогово.

МЕСТА ЗА ПОСЕТА