Патеката 4М1 (Свети Гаврил Лесновски – Свети Јоаким Осоговски) претставува атракција сама по себе. Започнува кај познатиот Лесновски манастир. Потоа патеката продолжува преку пејзаж со интересни геоморфолошки форми.

Низ долината на Кучешка Река, постепено се почнува да се менува во цветни полиња кој кон врвот Констанца (1645) се претвора во бујни ливади и полиња со компир.  Во делот кон селото Дурачка Река можат сè уште да се видат жители што ја практикуваат традицијата на носење на народни носии за секојдневна употреба. М-1 завршува кај импозантниот манастир Свети Јоаким Осоговски. Како еднодневна маршрута може да биде потешка, но за недоволно подготвените планинари постои можност да се скрати или да се направи дводневна тура со кампување во планинарски услови. Од манастирскиот комплекс може да се организираат повеќе искачувања кон врвот Калин Камен  (1884 метри), Царев врв (2085 метри) или Руен (2252) и потоа да се посетат Станечките водопади, испосницата на Свети Јоаким Осоговски во селото Градец, градската црква, црквата во селото Трново, во Конопница, манастирот во селото Псача и секако Градскиот Музеј.