Не можете да заминете од Осогово ако не сте го посетиле Музејот на градот Кратово, сместен во една староградска куќа, и Музејот на Крива Паланка, кои се полни со многу предмети што ќе ви дадат претстава како живееле луѓето во овој регион.

Музејот на град Кратово започнува да функционира од 1984 година како музејска колекција во Домот на култура „Лазар Софијанов“ Кратово. Денеска, Музејот е одделна институција со три постојани изложби. Исто така, три од шестте кули: Саат Кулата, Симиќевата и Златковата кула се под закрила на оваа културна институција. Пријатниот персонал ќе ви ги даде потребните информации за градот. Во текот на годината, тие организираат многу културни настани и изложби.

Телефон: 031 – 481 -015

E-mail : muzejkratovo@t-home.mk 

Facebook

 

Исто така, може да го посетите Градскиот музеј на Крива Паланка што бил основан во 2006 година. Денес, Музејот има три постојани изложби: етнолошка, историска и археолошка. Во 2013 година отворена е Градската уметничка галерија. Ако сакате да купите сувенир, посетете ја сувенирницата која е дел од Музејот. Има голем асортиман на сувенири направени од локалните занаетчии и креативни луѓе од градот и од околината. Еден од наjпознатите сувенири од Крива Паланка е симитот.

Телефон: 031 372 140

E-mail: gmuzejkp@yahoo.com

Facebook