Кога ќе стигнете во Кратово првите споменици што ќе ви го привлечат вниманието се интересните мостови. Посетете ги шестте стари моста – Грофчански, Чаршиски, Јорширски, Долноамамски, Аргулички мост и Радин Мост и слушнете ги интересните легенди што кружат за нивното градење. Легендата што ќе го задржи вашето внимение е за Радиниот Мост. Исто така, ќе ги слушнете легендите за Чаршиски, Јорширски, Грофчански мост. Кратово е полно со легенди и приказни.